
Во скопската населба Маџари, во близина на црквата позади железничките пруги, денеска е пријавено горење кабли, при што се создава густ црн чад што се шири во околината.
Како што е пријавено на бројот за итни случаи 112, лице на локацијата пали кабли, по што надлежните служби веднаш реагирале, објави 4news.mk
Од Центарот за управување со кризи информираат дека противпожарната бригада и полициски екипи се веќе упатени кон местото на настанот со цел да се интервенира и да се утврдат околностите.
Засега нема информации за повредени лица, а се очекуваат повеќе детали по интервенцијата на надлежните служби.


