Утрински Весник
Македонија

ССМ повика на протест на 14-ти месецов

Ssm.webp.webp

Повторно протест ќе организира ССМ на 14 март за повисоки плати.

Од ССМ велат дека не се откажуваат од барањето за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра.


„Минималните примања се повеќе во јавниот сектор отколку во приватниот сектор така што и на протестот на 28 јануари имаше многу голема излезност на работниците во јавниот сектор и така ќе биде и сега“, вели Трпе Деановски, претседател на Синдикатот на УПОЗ во изјава за телевизија 24.
Откако во понеделникот на Економско-социјалниот совет беше информирано дека минималната плата ќе се зголеми само за 1.600 денари според мартовското усогласување, претставниците на ССМ ја напуштија седницата и најавија дека продолжуваат со нивните барања на улица.

И претходно годинава ССМ организираше протест, но и блокади во Скопје.

Можете да прочитате

Автомобил во движење се запалил во близина на ГП Ќафасан

СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола