Утрински Весник
Македонија

Лишени од слобода девет возачи

Img 8233.jpeg

Девет возачи кои возеле под дејство на алкохол со активна забрана за возење и без дозвола се лишени од слобода. Еден од уапсените е и малолетник.

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои по три за возење без возачка дозвола, за управување на возило под дејство на алкохол и за управување возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило од Б категорија.


Двајца возачи во Гевгелија и еден во Гостивар управувале возило под дејство на алкохол. По еден возач во Велес, Куманово и општина Старо Нагоричане управувале возила и покрај тоа што имале активна забрана. Еден возач во Тетово управувал возило без возачка дозвола, еден малолетник во Прилеп управувал мопед без дозвола, а еден возач во Кичево управувал нерегистрирано патничко возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај

Можете да прочитате

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор