Утрински Весник
Свет

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран

Ali hamnei.jpg

Иранската новинска агенција Тасним објави дека погребот на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој требаше да се одржи вечерва во Техеран, е одложен.

Агенцијата пренесува соопштение од Координативниот совет за исламска пропаганда на покраината Техеран, во кое се наведува дека церемонијата е одложена поради исклучително високиот интерес на граѓаните и потребата од дополнителни организациски подготовки.


Во соопштението се вели дека Големата џамија во Техеран е закажана да ги прими луѓето кои сакаат да му оддадат почит на телото на убиениот свештеник и водач почнувајќи од вечерва.

Сепак, поради големиот интерес од целата земја и желбата на граѓаните да учествуваат на церемонијата во голем број, како и потребата од обезбедување на потребните логистички услови, беше одлучено настанот да се одложи и да се одржи во посоодветно време.

Можете да прочитате

Америка предупредува да не се патува на Кипар

Турција со реакција до Техеран по соборувањето иранска балистичка ракета

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас