Утрински Весник
Свет

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран

Tramp 1.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека е предоцна за преговори со Иран.

Тој одговарајќи на корисник, кој наведе дека американските напади довеле до „раѓање на доктрина на Трамп“, одговори:


– Нивната противвоздушна одбрана, воздухопловство, морнарица и лидери исчезнаа. Сакаат да разговараат. Им кажав – Предоцна!, објави Трамп.

САД и Израел на 28 февруари го нападнаа Иран, на што Техеран возврати со напади врз Израел, американските бази и енергетската инфраструктура во земјите од Персиски Залив.

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка