Утрински Весник
Македонија

Прегазена жена во Злетово, починала на лице место

Policija.webp.webp

На 02.03.2026 во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква” во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес” со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.


Можете да прочитате

Левица: Ќе сечат шуми, ќе детонираат динамит и ќе ни фрлаат отров во дворовите – Закони по мерка на профитерите 

Спасовски: Укинувањето на техничката влада не е реформа, туку чекор назад 

Работна посета на министерот Муцунски на Република Хрватска