Утрински Весник
Свет

Путин предупреди дека нападите врз Иран би можеле да прераснат во поширок регионален конфлик

Putin.webp.webp

Путин, претседателот на Русија предупреди дека американско – израелските напади врз Иран би можеле да доведат до поширок регионален конфликт.

По разговорите со престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, Кремљ објави дека „двете страни изразија сериозна загриженост за реалниот ризик од проширување на зоната на конфликт, која веќе ги зафати териториите на голем број арапски земји и има катастрофални последици“.


Путин ја нагласил потребата од дипломатија за решавање на „исклучително опасна ситуација“, додека, според Кремљ, саудискиот престолонаследник порачал дека Москва, благодарение на добрите односи со Иран и земјите од Заливот, може да игра стабилизирачка улога.

Русија постојано ги осудува американските и израелските напади и атентатот врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Путин разговарал и со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

„Двете страни ја нагласија потребата од прекин на непријателствата и враќање на политичкиот и дипломатскиот процес“, соопшти Кремљ.

Можете да прочитате

Пожар во складиште за гориво во Абу Даби

Нетанјаху го посети градот Беит Шемеш кој беше погоден од иранска ракета

Грција испраќа борбени авиони на Кипар