Утрински Весник
Македонија

Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза

Ewkt5lqgye186wgh fe25d.png

Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО) сака гласно да ја пренесе пораката за значењето од навремено информирање и едукација на населението за ендометриозата.

Март е месец посветен на подигнување на свеста за ендометриозата – време да зборуваме отворено, да ги разбиеме митовите и да ги охрабриме жените да побараат помош.


Ендометриозата е хронична болест при која ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на матката) расте надвор од матката, предизвикувајќи воспаление, болка и понекогаш неплодност.

Се проценува дека околу 190 милиони жени и девојки во репродуктивна возраст (околу 10%) во светот се погодени од оваа состојба. Дијагнозата  често доцни – во просек од 8 до 12 години од појавата на првите симптоми. Причина за ова е што болката често се смета за „нормален дел од менструацијата”, а многу жени не бараат медицинска помош навреме.

Ендометриозата може значително да го намали квалитетот на живот, да влијае на менталното здравје и работната способност, а кај 25–50% од жените со неплодност е присутна ендометриоза.

Митови и факти за ендометриозата

Мит: Силната менструална болка е нормална.

Факт: Болка која ве спречува во секојдневните активности не е нормална и бара медицинска проценка.

Мит: Само постари жени имаат ендометриоза.

Факт: Ендометриозата може да започне уште во адолесценција.

Мит: Ако имате ендометриоза, нема да можете да забремените.

Факт: Многу жени со ендометриоза успешно забременуваат, особено со соодветен третман.

Мит: Болеста се лекува со бременост.

Факт: Бременоста може привремено да ги намали симптомите, но не ја лекува болеста.

Зошто е важно раното препознавање?

Раното препознавање и соодветниот третман можат да помогнат во:

• намалување на хроничната болка

• подобрување на квалитетот на живот

• зачувување на репродуктивното здравје

• намалување на компликациите

Достапните третмани вклучуваат медикаментозна терапија, хормонска терапија и хируршки третман, во зависност од симптомите и индивидуалните потреби на пациентката.

Ниту една жена не треба да живее со хронична болка како „нормална”. Препознавањето на симптомите, навременото обраќање кај гинеколог и информираноста се клучни чекори за рана дијагноза и подобар квалитет на живот.

Можете да прочитате

Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС по несогласувања за минималната плата

Повеќе од 400 граѓани побарале информации за евакуација, 30 подготвени да ја напуштат земјата во прва можна прилика

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска