Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за 10 возачи низ државата – возеле пијани, без дозвола и со активна забрана

Img 9135.jpeg

Десет возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден (28.02.2026) во засилени контроли што ги спровеле полициски службеници на целата територија на државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број, пет лица биле приведени поради управување возило под дејство на алкохол. Тие биле затекнати на подрачјата на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје.


Дополнително, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Прекршоците биле евидентирани на територијата на Тетово, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци.

Едно лице било лишено од слобода во Скопје поради управување моторно возило и покрај изречена активна забрана за управување возило од Б категорија.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Фетаи поднесе оставка откако со месеци не се појавил на работа

„Безбеден град“ регистрираше 28.494 прекршоци за еден месец – најмногу за брзо возење

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство