Утрински Весник
Македонија

Во трката за наградата „Роман на годината“ останаа 11 романи

Server04.global net.com .jpg

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција одбра 11 романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 46 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 22 наслова, а сега списокот го стесни на 11 романи.


Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Можете да прочитате

Формиран кризен штаб кој е на 24-часовно располагање на граѓаните

Кумановец возел со 3,08 промили алкохол во крвта

Сиљановска го свика Советот за безбедност