Утрински Весник
Македонија

Лажни лекари хараат „Ќерка ви умира, требаат пари веднаш“ – внимавајте нова измама

Svr bitola.webp.webp

Секторот за внатрешни работи Битола утрово информираше за нови случаи на телефонска измама во кои жртви се повозрасни граѓани, а измамниците повторно се претставувале како лекари.

Според полицијата, 84-годишна битолчанка била измамена за 9.600 евра, откако вчера околу 16:00 часот добила телефонски повик од лице кое се претставило како доктор. Измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка наводно се здобила со сериозни скршеници и дека е неопходна итна операција, за која биле потребни пари.


Жената, доведена во заблуда и вознемирена од информацијата, ги предала парите на лице кое дошло пред нејзината зграда. Подоцна, откако стапила во контакт со својата ќерка, сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

Само ден претходно, слична измама пријавил и 83-годишен битолчанец. На истиот начин, измамник кој се претставил како лекар му соопштил дека неговата внука е тешко повредена и дека е потребна итна операција. Мажот бил измамен за 10.000 евра.

Од СВР Битола посочуваат дека двата случаи се извршени по идентично сценарио – измамниците телефонски создаваат чувство на итност и паника, по што жртвите ги предаваат парите на лице кое доаѓа директно пред нивниот дом.

Полицијата презема мерки за идентификација и пронаоѓање на сторителите, а апелира до граѓаните, особено до повозрасните лица, да не наседнуваат на вакви повици и секогаш најпрво да стапат во контакт со своите блиски или со полицијата пред да дадат пари.

Можете да прочитате

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорнос

Почината жена пронајдена во коритото од селската чешма во Копаница

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези,…