Утрински Весник
Свет

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана

Image 2026 01 02 112106501.png

Швајцарската влада соопшти дека ќе им исплати по 56.000 долари на повредените и на семејствата на жртвите во пожарот што изби во бар во ски-центарот Кран-Монтана на новогодишната ноќ, при што загинаа 41 човек, а 115 беа повредени.

Ова е финансиска помош за семејствата на жртвите и гест на сочувство, објави владата, додавајќи дека обесштетувањето се однесува на секое лице што починало или било хоспитализирано.


Исто така, наведе дека ќе организира состанок со семејствата на загинатите, повредените со претставници на владата и осигурителни компании за да се постигне спогодба и да се избегнат судски постапки. Владата вети дека ќе одвои 20 милиони долари за спогодбата.

Предвидено е и префрлање на 8,5 милиони долари на кантоните за покривање на вонредните трошоци.

Таванот на барот се запали од искри од прскалки. Најголем број од загинатите се тинејџери и странци.

Можете да прочитате

Џ.Д. Венс: Иран прави економски тероризам

Италијанските новинари организираат нов штрајк

Шефот на Хезболах ги отфрла планираните разговори меѓу Израел и Либан