Утрински Весник
Свет

Трамп постави нов рок за прекин на војната во Украина

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп постави нов рок за прекин на војната во Украина. Трамп се обидува да постигне договор пред 4 јули 2026 година, кога САД ќе ја одбележат 250-годишнината од својата независност.

Иако за време на кампањата ветуваше мир за само 24 часа, реалноста по неговото враќање во Белата куќа се покажа посложена. Тристраните разговори кои се водат веќе 400 дена сè уште не донеле конечен резултат, па сега Вашингтон врши притисок за договор во рок од наредните четири месеци.


Целта на Трамп е прекинот на огнот да биде круна на големата прослава на американскиот јубилеј, со што би се позиционирал како најголемиот светски миротворец во историјата на САД.

Можете да прочитате

Претставничкиот дом на САД гласаше за помош од 9 милијарди долари за Украина

Трамп ја поздрави можноста за средба меѓу Путин и Зеленски

Зеленски испрати писмо до Путин: Предлагам крај на војната