Утрински Весник
Свет

Трамп според повеќето американци станува понепредвидлив како што старее

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател според повеќето американци станува понепредвидлив со самото стареење. Анкетата на Ројтерс покажува дека ова го мислат шест од десет американци вклучувајќи ги и републиканците.

61% од испитаниците рекле дека рекле дека Трамп „станал понепредвидлив со возраста“. 89% од демократите, 30% од републиканците и 64% од независните го опишуваат на тој начин.


Белата куќа не одговори на барањето за коментар.

Вкупниот рејтинг на одобрување на Трамп малку варираше во последните месеци, движејќи се помеѓу 40% и 38%. Во тековната анкета, 40% го одобруваат неговиот „перформанс“ како претседател (зголемување од 38% минатиот месец). Тој го започна својот мандат со рејтинг на одобрување од 47%.

Повеќето Американци веруваат дека политичкото раководство на САД е премногу старо.

79% се согласуваат со изјавата „избраните функционери во областа Вашингтон се престари за да ги претставуваат повеќето Американци“. Средната возраст во Сенатот е 64 години , а во Претставничкиот дом 58 години.

Демократите се малку посклони да сакаат помлади политичари. 58% од нив веруваат дека лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, 75, е престар за функција.

Само 45% од испитаниците рекле дека би го опишале Трамп како „паметен и способен да решава проблеми“, што е намалување од 54% во анкетата на Ројтерс/Ипсос во септември 2023 година.

Републиканците, сепак, го сметаат Трамп за паметен, при што 81% велат дека е паметен. Меѓу демократите, процентот на оние кои мислат дека Трамп е способен да решава проблеми се намалил на 19% од 29% во септември 2023 година. Меѓу луѓето кои не припаѓаат на ниедна партија, 36% велат дека Трамп ја одржува менталната острина, што е намалување од 53% во 2023 година.

Можете да прочитате

Стартуваа глобалните царини на Трамп

Поранешниот норвешки премиер хоспитализиран, наводно се обидел да се самоубие поради Епстин

Путин: Русија е непобедлива – 24info.mk