Утрински Весник
Македонија

65-годишник измамен за 22.000 денари 

Denari Pari.jpg

65-годишник од гостиварско пријавил дека бил измамен на социјална мрежа од едно лице за сума од 22.000 денари.

Tој се договорил за тргување со криптовалути на социјална мрежа со профил Е.К., а притоа во банка уплатил околу 12.000 денари на име М.К..


Како што е пријавено, тој бил известен дека заработиле поголема сума на пари и за да може да ја подигне треба да уплати уште 10.000 денари кои ги уплатил. Oткако повторно му биле праќани пораки за да уплати уште пари се посомневал дека е измамен и пријавил.

Случајот бил пријавен на 20.02.2026 во 13:30 часот во ОВР Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Можете да прочитате

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор

Ѓорѓиевски откри: Три од четирите сензори на жичарницата на Водно не функционирале