Утрински Весник
Свет

Денеска состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, главна тема Орбан

Eu 1.webp.webp

Советот за надворешни работи на Европската Унија денес се состанува во Брисел, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“ .

Да потсетиме, Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки на нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.


Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинувањето на царините воведени од Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и побара од САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

Можете да прочитате

Се огласи мексиканскиот нарко картел: „Можна е војна“

Биткоинот продолжува да тоне – 24info.mk

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна