Утрински Весник
Македонија

Уапсен е Артан Груби – 24info.mk

Artan Grubi 750x430 1.jpg

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утрово во 06:10 часот на граничниот премин Блаце е лишен од слобода поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Според информациите од МВР, на 23 февруари 2026 година, при влез во Република Северна Македонија, Груби (роден на 7 јуни 1977 година), за кого била активна мерка „апси“, бил приведен и задржан за понатамошна постапка.


Тој е опфатен со истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на службената положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки, во рамки на случајот што се однесува на работењето и договорите на Државната лотарија на Северна Македонија.

Поранешниот прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

Судот претходно му одредил мерка притвор, а надлежните органи имаа распишано меѓународна потерница.

Можете да прочитате

Малолетник од кичевско се самоповредил со воздушна пушка

Новиот закон за пушење во вторник на владина седница

Тешка сообраќајна несреќа го блокираше патот Стража – Кичево, судир меѓу три автомобили и камион