Утрински Весник
Свет

Фицo: Ќе ја сопреме струјата кон Украина ако не продолжи испораката на руска нафта во Словачка

Fico.png

Доколку Киев не преземе чекори во рок од два дена за да продолжи со испраќањето руска нафта во Словачка преку украинска територија ќе се прекине итното снабдување со електрична енергија на Украина истакна словачкиот премиер Роберт Фицо се закани денеска дека ќе го

Заедно со Унгарија, Словачка е една од само двете земји од ЕУ кои сè уште се потпираат на значителни количини руска нафта испорачана преку нафтоводот „Дружба“ од советската ера низ Украина.

Двете земји имаат и лидери кои одржуваат блиски односи со Москва, пркосејќи на во голема мера проукраинскиот европски консензус.

Испораката на руска нафта преку главниот нафтовод „Дружба“ е прекината од 27 јануари, кога, според Киев, руски дрон ја погоди опремата на нафтоводот во западна Украина. Словачка и Унгарија оваа недела станаа сè погласни во своите барања за продолжување на испораките.

Словачка е исто така важен извор на европска електрична енергија за Украина, која ѝ е потребна бидејќи руските напади ја оштетија нејзината мрежа.

Експертите од енергетскиот сектор наведуваат дека Словачка обезбедила 18 проценти од рекордниот увоз на електрична енергија во Украина минатиот месец.

„Доколку снабдувањето со нафта во Словачка не продолжи во понеделник, ќе побарам од SEPS, акционерското друштво во државна сопственост, да го прекине итното снабдување со електрична енергија во Украина“, рече Фицо во објава на мрежата X.

Украина предложи алтернативни транзитни правци за испорака на нафта во Европа додека се во тек итни поправки на цевководите.

Можете да прочитате

Зеленски вели дека војната му ја одзела можноста да го поминува своето време со семејството

Трамп ќе ги зголеми глобалните царини на 15%

Марш во Лион по смртта на десничарски активист, Макрон повика на смиреност