Утрински Весник
Свет

Иран и Русија утре ќе одржат заеднички поморски вежби

20260218095828 big 730x400 65.webp.webp

Иран и Русија утре ќе одржат заеднички поморски вежби во Оманскиот Залив, во северниот Индиски Океан, објави иранската новинска агенција „Фарс“.

Маневрите, како што се наведува, ќе се одржат само неколку дена откога Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) почна воени вежби во Ормутската Теснина.

„Меѓу главните цели на оваа заедничка вежба е да се изгради компатибилност и координација во заедничките мерки за спротивставување на активностите што ја загрозуваат поморската безбедност и сигурност…, како и во борбата против поморскиот тероризам“, изјави командантот на иранската морнарица, Хасан Магсудлу.

Можете да прочитате

Трамп ги блокира новите санкции на САД кон Русија

Мерц: Не можам да верувам дека на Минхенската конференција целата сала стана за Рубио

Десет скијачи исчезнале, а шестмина се заробени во лавина во Калифорнија