Утрински Весник
Македонија

Николоски: Уште две нови авиолинии кон Италија, од јули од Скопје ќе се лета кон Сардинија и Сицилија

Aleksandar nikoloski 2.jpg

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека од месец јули од аеродромот од Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии кон Алгеро Сардинија и кон Палермо.

” Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. 

Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија, a oд 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија 

Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот.

Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.

Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром”- објави вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

Ужас во Скопје, прегазено четиригодишно дете

Влада: Авионот е користен согласно прописите

Гостиварец позајмил автомобил од свој братучед па потоа го продал