
Швеѓанец ја принудувал својата сопруга на сексуални односи со најмалку 120 мажи, јави денеска новинската агенција НТБ додавајќи дека се верува дека прекршоците се случувале во текот на неколку години, како преку физички средби, така и преку интернет.
Како што пренесе ДПА, случајот е обелоденет пред извесно време, а мажот е во притвор од октомври под сомнение за тежок облик на подведување. Претходно се говореше за околу 30 мажи.
Жената самата го пријавила сопругот во полиција. Таа за шведското радио изјавила дека во некои случаи била под дејство на дрога и алкохол до толкава мера што не можела да се сети на сè. Според обвинението, нејзиниот сопруг нудел сексуални услуги на различни веб-страници.
Обвиненијата против него треба да бидат покренати во март. На клиентите, за кои се тврди дека биле од цела Шведска, исто така им се закануваат кривични пријави.
Во Шведска, купувањето сексуални услуги е илегално, додека продажбата на секс е неказнива.


