Утрински Весник
Македонија

Менаџер на продавница од дневниот промет си присвоил речиси 2,8 милиони денари

Ojo.webp.webp

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Затајување согласно член 239 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.

Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот.

Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот се уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.

Можете да прочитате

Поплави и свлечишта во Полошкиот Регион, нормализирана состојбата во Кичево, во Кумановско нема опасност од излевање на реките

Херојска интервенција: Полицијата спаси маж заглавен на тераса при пожар

Над 140 жалби за еден ден по трагедијата во Кочани, СЕММ сомнева оркестриран дигитален напад