Утрински Весник
Македонија

Судир по удар во куче: Еден загинат и четворица тешко повредени

Soobrakajka mvr policija.jpg

МВР информира дека синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка.

-На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од село Длабочица, кривопаланечко, информираа од полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Менаџер на продавница од дневниот промет си присвоил речиси 2,8 милиони денари

Над 140 жалби за еден ден по трагедијата во Кочани, СЕММ сомнева оркестриран дигитален напад

Бебе донесено починато во болницата во Тетово