Утрински Весник
Македонија

Јотова: До јуни да се реши прашањето ако Македонија сака ЕУ

Img 8302.jpeg

Илијана Јотова изјави дека Софија е загрижена поради информации дека Северна Македонија разгледува алтернативни начини за отворање на други поглавја од пристапните преговори со Европската Унија, наместо започнување со првиот кластер кој се однесува на човековите права.

Според Јотова, токму првиот кластер претставува основа на целиот преговарачки процес и Бугарија нема да прифати негово заобиколување или одложување.

„Северна Македонија да не се лаже дека има покус пат, до јуни треба да се реши прашањето ако сè уште сака да биде дел од ЕУ“, изјави таа.

На Минхенската безбедносна конференција, Јотова остварила средба со Антонио Кошта, при што разговарале за проширувањето на Европската Унија, состојбите на Западен Балкан и бугарската позиција во однос на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.

Таа повтори дека без измени на Уставот на Северна Македонија и впишување на Бугарите како дел од народите во државата, нема да има напредок во процесот на европска интеграција. Според Јотова, овие услови се во согласност со европските критериуми и претставуваат дел од договорената рамка.

Јотова нагласи дека до јуни, со ангажман на Бугарија и европските партнери, треба да се најде решение доколку Северна Македонија сака да продолжи по патот кон членство во Европската Унија. Таа додаде дека Бугарија ќе продолжи цврсто да ги брани своите национални интереси во рамките на европските институции и НАТО, особено имајќи ја предвид својата позиција како надворешна граница на ЕУ, оценувајќи дека Европа треба да преземе поголема одговорност за безбедноста и иднината на регионот.

Можете да прочитате

Д-р Димитриевска: Модерните уреди електронските цигари се поштетни од цигарите

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава

Мицкоски – Кошта: Македонија заслужува процес, базиран на вредности, а не на билатерални условувања