Утрински Весник
Магазин

Објективноста на децата во врска со подароци

20260212104626 big 730x400 19.webp.webp

Тимот на психологот Боливар Рејес Жакез направил експеримент во кој биле опфатени речиси 700 деца од Норвешка, Италија, Јапонија и САД на возраст од три до единаесет години. По ова, го увиделе однесувањето на децата во врска со подарувањето.

Истражувањето, во кое децата имале задача да изберат најдобар цртеж, покажало дека постарите деца, во 85 отсто од случаите ги избрале подобрите дела, и покрај цртежите на кои имало подароци, што не бил ист случај и со помалите деца. Според истражувавачите, ова зависи од когнитивното созревање, вклучувајќи ја способноста за самоконтрола и согледување на перспективата на другите. И покрај културните разлики, како што се нормите за дарување и љубезност, значајна улога играат зрелоста и воспитувањето на детето. 

Уште еден експеримент бил направен во кој  децата делеле пет бонбони меѓу двајца врсници, при што последната бонбона била одлучувачка. Резултатите покажале дека повеќе од 80 отсто од децата постари од девет години одбиле неправедна поделба. По разгледување на сите докази, научниците заклучиле дека ваквото однесување не е вродено, туку се учи и се развива преку искуство и воспитување. Учење на децата објективно да расудуваат од најмала возраст, може да им помогне да донесуваат праведни одлуки во понатамошниот живот. 

Ова е прво меѓународно истражување за правилното и објективно расудување кај децата од најрана возраст засновано врз дарување. 

Можете да прочитате

На 50 години посака уште едно дете – доби тројки

Joван Јованов со прва соло песна по 17 години како најава за големиот концерт во Скопје

Кои се придобивките од истегнувањето