Утрински Весник
Македонија

Обвинет за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец

Haker.webp.webp

ОВР – Кочани поднесе кривична пријава против С.З., 40-годишен кочанчанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Пријавениот противправно присвоил платежна картичка во сопственост на лице од Кочани и во периодот од јули 2025 до ноември 2025 во седум наврати неовластено навлегол во компјутерски систем и се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 161.800 денари, соопштија од МВР

Можете да прочитате

Родителите од Кочани повторно прашаа: Каде беа институциите пред трагедијата во „Пулс“?

Пановски: Во Гостивар има епидемија, а никој не ја прогласува!

ВЛЕН: ДУИ срамно се спротивставува на секое достигнување на Албанците