Утрински Весник
Македонија

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип

20260213144434 big 730x400 53.webp.webp

Заврши судскиот претрес со изнесување докази и давање искази на сведоци на четворица турски државјани, кои се обвинети дека лани во мај му помогале на турскиот државјанин Кадир Кара, кој во кафуле во центарот на Штип уби свој сонародник.

Портпаролот на Основниот суд (ОС)-Штип, воедно и судија кривичар, Сашко Георгиев за МИА изјави дека денеска имаше сведочење од страна на сведоци за четвртообвинетото лице, а веќе на 18 февруари во 12:30 часот во штипскиот Основен суд се закажани завршните зборови на одбраната и обвинителството. 

Инаку, претходно Кадир Кара призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, со што судот  му  изрече казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски Затвор. 

Можете да прочитате

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско „собрани“ над 60.000 евра

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот 

Вечерва земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Грција