Утрински Весник
Македонија

Бојковска: За мене ,,Безбеден град” е систем за спасување на човечки животи

Dragana Bojkovska 16.02.2025.jpg

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија се осврна на проектот ,,Безбеден град.

„За мене системот Безбеден град не е само систем за детектирање на сообраќајни прекршоци и казнувања, туку за мене овој систем значи пред се, како што видовме спасување на човечки животи“, истакна таа.

Пратеничката Бојковска дискутираше за имплементацијата на системот Безбеден град како и неговото функционирање, додавајќи дека целта е да се обезбеди заштита на човечки животи како и зголемување на сообраќајната култура.

„Со самиот систем на Безбеден град, го поздравувам тоа што македонските граѓани го покажаа, тоа значи дека можеме да имаме соодветна сообраќајна култура и да одговориме на оние предизвици коишто сега се пред нас. И многу ме радува што не само што учесниците во сообраќајот покажаа една зрелост и почитување на законите, туку гледам и соодветни позитивни впечатоци од оние коишто не се директни учесници во сообраќајот“, посочи Бојковска.

Бојковска нагласи дека иако одредени политички структури не дале поддршка во Собранието за гласање на сет законски измени коишто ќе се усогласат со овој систем на Безбеден град и коишто ќе донесат едно позитивно законско решение, таа истакна дека сепак целта на ВМРО-ДПМНЕ којашто е најважна е да се обезбеди функционален систем во интерес на граѓаните.

„Многу жалам што навистина, овој систем за безбеден град треба да биде пред се еден натпартиски систем и едно натпартиско делување, и тоа и го покажавме во нашето делување, да повикаме на консензус кога се работи за безбедноста за граѓаните, бидејќи ценам дека безбедноста на граѓаните не е партиско прашање, туку тоа е национално државно прашање за коешто требаше сите ние да застанеме. Безбедноста на граѓаните не препознава партиска определеност, не познава верска определеност, препознавање по однос на одредена нација и затоа многу ми е жал, можам дека кажам дека за овој систем Безбеден град определени политички структури не дадоа поддршка онаму каде што беше најпотребно, а тоа беше во Собранието со гласање на оној сет на законски измени. Видовме реторики во коишто дневнополитички теми се отвораа, за мене сосема непотребно, како пратеник и како граѓанин пред се стојам на онаа цел којашто за нас е најважна, а тоа е да се обезбеди овој систем на Безбеден град да биде целосно функционален, без партиски стеги, без партиско влијание, целосна дигитализација за да можеме да имаме една поголема функционалност на самиот систем“, децидна е Бојковска.

Можете да прочитате

Мицкоски заминува за Минхен – 24info.mk

Филипче: Немам ништо заедничко со Трендафилов освен следењето од службите

23 – годишна девојка била претепана од нејзиниот татко