Утрински Весник
Македонија

Физички нападнати тројца пожарникари во Куманово

Pozarna pozar.jpg

Тројца пожарникари од Куманово биле физички нападнати во кругот на Територијалната противпожарна единица. Пожарникарите кои биле на должност биле нападнати со тупаници и камења.

Од Синдикатот на пожарникарите при НСДА најостро го осудија насилството, нагласувајќи дека нападот врз службени лица кои се во служба на заедницата е недозволив. Тие упатија барање до МВР и Обвинителството итно да ги процесуираат напаѓачите до надлежниот суд, потенцирајќи дека за напад врз овластено лице мора да се сноси кривична одговорност.

Нападот го осуди и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Тој апелираше за брза реакција на институциите и порача дека сторителите мора да одговараат согласно законот. Димитриевски истакна дека пожарникарите заслужуваат почит за нивната хумана професија, а на повредените им посака побрзо закрепнување.

СВР Куманово веќе презеде мерки и приведе две лица на 32-годишна возраст во врска со инцидентот, објави 4news.mk Според полициското соопштение, лицата Љ.Г. и Ф.С. се сомничат дека физички го нападнале 35-годишниот вработен во единицата, С.С. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Од Општата болница во Куманово потврдија дека кај нив е примено едно лице со повреди на главата. По укажаната лекарска помош, повредениот пожарникар е пуштен на домашно лекување.

Можете да прочитате

Мицкоски заминува за Минхен – 24info.mk

Филипче: Немам ништо заедничко со Трендафилов освен следењето од службите

23 – годишна девојка била претепана од нејзиниот татко