Утрински Весник
Свет

Морничаво откритие во Франција: Две бебиња најдени во замрзнувач

Bebe Noga 960x640 1.jpg

Француската јавност е потресена по откривањето на телата на две бебиња во замрзнувач во семеен дом во департманот Горна Сон, а една жена е уапсена во рамки на истрагата, пренесуваат француските медиуми.

Според информациите, телата биле пронајдени во вторник во куќа во градот Авилерс-ет-Лијамон. Извор близок до истрагата за BFMTV изјавил дека таткото (50) прв го открил телото на едното бебе во замрзнувачот, по што веднаш ја известил полицијата.

По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници при претресот го пронашле и телото на второто бебе на истото место, по што била отворена обемна истрага за утврдување на сите околности на случајот.

Полицијата потоа започнала потрага по партнерката на мажот, а жената, чиј идентитет и поврзаност со новороденчињата засега не се официјално потврдени, била уапсена во Булоњ-Бијанкур. Надлежните органи работат на расветлување на случајот и утврдување на причините за смртта.

Можете да прочитате

Претрес во Европската комисија: Белгиската полиција проверува продажба на имот вреден 900 милиони евра

Орбан до Зеленски: Членството во ЕУ не се добива со ултиматуми

Италија воведува построги правила и рестрикции за илегалната миграција