Утрински Весник
Свет

Пукање во училиште во Тајланд: Напаѓачот се предаде по двочасовна опсада

Pukanje vo vozduh.jpg

Драмата во училиштето „Phatong Prathan Keeriwat“ во близина на Хат Јај заврши откако 18-годишниот напаѓач се предаде по повеќе од два часа полициска опсада. Тој влегол вооружен и отворил оган, при што беа повредени директорот и една ученичка, додека друг ученик се здобил со повреди обидувајќи се да избега.

Повредените се хоспитализирани и се во стабилна состојба. За време на инцидентот учениците и наставниците биле задржани во објектот додека траела интервенцијата.

Мотивот за нападот засега не е официјално потврден, но според локални медиуми можно е да станува збор за личен конфликт. Властите најавија целосна истрага, а на учениците и персоналот им е обезбедена психолошка поддршка.

Можете да прочитате

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години

Иран: Војната ќе трае сè додека непријателот не биде целосно поразен

Трамп: Ќе го вратиме Иран во камено доба