Утрински Весник
Свет

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд

20251128084915 big 730x400 22.webp.webp

Меѓународна криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд е разбиена во заедничка операција на полициите на Исланд, Литванија и Шпанија, со поддршка на Европол и Евроџаст, соопшти денеска Европол.

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со дрога, се наведува во соопштението.

Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени се 24 лица од кои 11 во Исланд, шест во Литванија, четири во Шпанија, две во Белгија и едно во Данска.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд