Утрински Весник
Македонија

Филипче: Власта прави дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница

Venko sdsm ft.jpeg

Тоа што оваа влада постојано прави е дефокус, а никој од власта не одговара на главното прашање – како пет тона дрога завршиле во Србија, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека власта упорно не дава одговор како таа огромна количина дрога поминала низ државната граница и никој не понесува одговорност.

„Нема одговор како таа дрога ја поминала границата покрај сите гранични служби, царина, полиција, кој бил таму надлежен, ги гледале ли пратките, барале ли документи, тоа се три камиони, шлепери, четири, колку се тие за да помине пет тона дрога. Никој не одговара од власта на главното прашање- како пет тона дрога завршиле во Србија? Тоа е главното прашање, со чиј амин? Кој затворил очи на царина и во полиција? Се што се прави, и ако нека се испита ова што испитуваат и кажува волку/ толку запленивме,  нека се види што е, и  апсолутно ако има криминал секој еден да одговара, ама сето тоа се прави за дефокус”, изјави Филипче.

Тој додаде дека власта за сите важни прашања ја користи истата практика, постојано дефокусира

„Ние сме сведоци дека се е дефокус. На кое прашање власта одговори изминатиот период? На ниту едно, за се имаат тие дефокус прашање. Ние знаеме со кој си имаме работа, ама ќе се соочат со одговорност”, рече Филипче.

Можете да прочитате

Стојаноска го нападна Трендафилов со видео, а самата земала 255.111 денари патни трошоци

СДСМ: Корупцијата цвета, во извештајот на Транспаренси, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

Намалена видливост поради магла на Плетвар и Стража