Утрински Весник
Магазин

Редовното пиење кафе го намалува ризикот од деменција

Kafe mleko.jpg

Луѓето кои со години редовно консумирале кафе или чај со кофеин имаат значително помал ризик од развој на деменција, покажува анализа на здравствените податоци на повеќе од 130.000 лица, објавена од „Гардијан“. Истражувањето опфатило период до 40 години и укажува на 15 до 20 проценти понизок ризик кај оние кои пиеле две до три шолји кафе или една до две шолји чај дневно.

Според научниците, лицата што пиеле кафе со кофеин покажале и побавен когнитивен пад во споредба со оние што консумирале безкофеинско кафе. Не била утврдена поврзаност меѓу безкофеинското кафе и намалениот ризик од деменција.

Истражувачите нагласуваат дека резултатите не докажуваат директна причинско-последична врска, но укажуваат на потенцијална корист за мозокот. Кофеинот и полифенолите во кафето и чајот можат да придонесат за подобро здравје на крвните садови, намалување на воспаленијата и оксидативниот стрес, како и подобро метаболичко здравје.

Научниците предупредуваат дека кафето и чајот не се „магично решение“ и дека здравиот начин на живот – физичка активност, избалансирана исхрана, добар сон и контрола на крвниот притисок – остануваат клучни фактори за зачувување на здравјето на мозокот.

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца