Утрински Весник
Спорт

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти

20260209083713 big 730x400 98.webp.webp

На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина досега се поделени 13 комплети медали. Најмногу златни одличја има Норвешка, додека домашните натпреварувачи, Италијаните имаат освено најмногу медали. Вкупно 15 држави имаа свој претставник на победничкиот подиум.

Листа на медалисти на ЗОИ 2026:

1. Норвешка   3+1+2 (златни+сребрени+бронзени) 
2. САД            2+0+0
3. Италија      1+2+6
4. Јапонија    1+2+1
5. Австрија     1+2+0
6. Германија   1+1+1
7. Франција    1+1+0
8. Чешка        1+1+0
9. Шведска      1+1+0
10. Швајцарија 1+0+0
11. Кореја        0+1+0
12. Словенија 0+1+0
13. Канада      0+0+1
14. Кина           0+0+1
15. Бугарија    0+0+1.

Денес медали ќе бидат доделени во скијачки скокови мажи индивидуално; сноуборд биг-ержени; брзо лизгање 1.000 метри жени; и алпска комбинација тимови мажи.

Зимските олимписки игри се одржуваат од 6 до 22 февруари.

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен