Утрински Весник
Спорт

Осогово и Вардар играа во чест на починатите во „Пулс“

20260207174549 big 730x400 40.webp.webp

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани попладнево Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ . Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1 200 гледачи. „Вардар“ славеше со 4 :1, иако „жолто-сините“ поведоа први.

Но, резултатот на овој меч беше во втор план од идеата поради која се играше – во спомен на почнатите во „Пулс“.

На полувремето се случи навистина потег за респект кој го направија гостинските навивачи „Комити“. На аукција го откупија дресот на Стојанче Велинов, некогашен фудбалер на „Осогово“, кој со „Академија Пандев“ го освои националниот куп на Македонија и му го подарија на член на навивачката група „Сејмени“. Средствата, секако, одат во хуманитарни цели.

Хуманитарниот меч со Вардар луѓето од ФК Осогово го искористија да ги промовираат новите дресови, на кои е аплициран брендот „КБ Инвест“.

Можете да прочитате

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во финалето од Купот на Македонија