Утрински Весник
Спорт

ЗОИ 2026: Карлсон и го донесе првото злато на Шведска

20260207153243 big 730x400 6.webp.webp

Шведската скијачка Фрида Карлсон победи на скијатлонот на Олимписките игри 2026.

Таа го освои златниот медал со време 53:45.2 минути. 

– Се чувствував како машина. Никогаш не сум го сакала скијањето толку многу како денес. Не знам дали сè уште сум ја сфатила победата. Денес беше толку одлично, имавме одлични скии, сè беше беспрекорно. И сега сум на врвот, рече Карлсон по победата.

Нејзината сонародничка Еба Андерсон заврши втора, 51 секунда зад победничката. Третото место го освои Норвежанката Хајди Венг. 

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен