Утрински Весник
Економија

Фрчкоски: Барањето на синдикатите е оправдано, има пари  во Буџетот за 600 евра минимална плата

Jon frckoski kanal 77.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Барањето на синдикатите за покачување на минималната плата е оправдано, пари во Буџетот има, СДСМ понуди и предлог од каде да се обезбедат средства за 600 евра минимална плата, посочи членот на Извршен одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во емисијата „Стадион”, на радио Канал77. 

Фрчкоски рече дека тоа што СДСМ застанува зад барањата на синдикатите не е присвојување на синдикатите, туку реална поддршка на работниците што секогаш СДСМ ја давала за достоинствен живот на работниците. 

„Барањето на синдикатите за покачување на минималната плата е оправдано и како такво застанавме целосно позади истото. Особено го зборам ова од позиција на партија којашто во својот мандат тоа го правеше. Почнавме со 8.000 до 10.000 денари  минимална плата, за да завршиме со 14.000 денари во првите две години, 22.000 на крај на мандатот. Така што ние сме покажале грижа кон сите синдикати и кон сите работници”, рече Фрчкоски.

Тој додаде дека поддршката за брањата на синдикатите не смее да се политизира и да се сведува на етикетирање.

„Таквата грижа, кога ќе изразиме поддршка на такво барање, не треба да се третира како еве овој е нивни синдикат. Напротив, тоа што власта така ги врзува е одговор на влада која што не сака да најде решение за покачување на платите и не сака да спроведе реформа во тој дел”, рече Фрчкоски.

Во интервјуто, Фрчкоски посочи дека пари за 600 евра минимална плата има во Буџетот, за што СДСМ излезе и со конкретен предлог како може да се обезбедат тие средства.

„Излеговме со точна пресметка со која што со минимален импакт во неколку ставки ќе се обезбедат средства за да се постигне таа бројка која што работниците ја бараат. Претседателот Филипче имаше прес-конференција на која дадовме јасен предлог од каде власта може да ги обезбеди средствата.  Процентуално дадовме предлог кога еден мал дел од тие ставки во Буџетот би се намалил, а станува збор за буџетски расходи кои често одат на не до крај јасни трансфери, удобства, канцелариски мебели, возила или непотребно ангажирање на нови времени вработувања, иако претставници на Владата тврдат дека администрацијата е превработена”, истакна Фрчкоски, додавајќи дека е ова е конструктивен предлог за достоинствен живот на работниците.

Можете да прочитате

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

Пад на светските цени на храната во јануари, глобалните резерви на жито растат

Вкупната трговска размена лани 19,5 милијарди евра – извозот зголемен за 2,9, а увозот за 4,4 отсто