Утрински Весник
Македонија

Радуловиќ тврди дека само ургирала за пријатели, не учествувала во незаконски дејствија

Valentina radulovic.jpg

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Валентина Радуловиќ реагираше по информациите дека нејзиното име се поврзува со случај поврзан со издавање лични документи, категорично отфрлајќи каква било вмешаност во незаконски активности.

Во објава на социјалните мрежи, Радуловиќ наведува дека станува збор за погрешно толкување на приватна комуникација, посочувајќи дека единствено што направила било да упати порака до пријател вработен во Министерството за внатрешни работи, со цел да помогне во итна постапка за издавање пасош за блиски лица.

„Категорично ги отфрлам обвинувањата за наводно мое инволвирање во незаконски дејствија поврзани со издавање лични документи. Моја лична порака до пријател вработен во МВР, за ургенција за блиски лица на кои им беше итно потребен нов пасош со новото име, на почетокот на 2024 година кога имаше застој во издавањето, е злоупотребена за моја наводна инволвираност“, наведува Радуловиќ во реакцијата.

Таа додава дека не можела да претпостави дека ваквата пријателска ургенција ќе биде доведена во контекст на незаконски дејствија и истакнува дека доколку постои било каква постапка во која се споменува нејзиното име, подготвена е тоа да го докаже пред надлежните институции.

Случајот со издавањето лични документи е предмет на истрага, а надлежните институции засега не соопштуваат дополнителни детали.

Можете да прочитате

Апасиев: Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС!

Заплената расте – пронајдени нови количини, вкупно 40 тони марихуана

Стојановски: Продолжуваме со покачување на платите и пензиите