Утрински Весник
Македонија

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните

20260206111014 big 730x400 13.webp.webp

Заокруживме уште една значајна посета, што отвора нови можности за продлабочување на политичката, економската и на трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати, чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните, напиша на својот фејсбук-профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Во видеоизјава Муцунски истакнува дека е потпишан меморандум за разбирање, како и дека со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оствариле повеќе средби.

– Денеска, заокруживме уште една важна и успешна посета. Остваривме важна средба со претседателот и владател на ОАЕ, шеикот Махемед, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи, шеикот Абдула, потпишавме меморандум за разбирање, за развој, модернизација и за дигитализација на Владата и државната администрација. Со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретнавме и со пртседателите на Естонија и Швајцарија, со претставници на меѓународни организации, како и со македонската дијспора во ОАЕ. Оваа посета потврди дека постои потенцијал за засилување на соработката меѓу двете земји во повеќе области. Продолжуваме со силно темпо и јасен фокус на резултати, чиј бенефит ќе го почувствуваат граѓаните – наведува Муцунски.


Можете да прочитате

СДСМ: „Алфа ТВ“ и „Бетмен“ во одбрана на Орбан 

Двајца млади скопјани со тврд и остар предмет нападнале маж

Хоџа: И во 2026 обезбедивме средства за Националните паркови кои се клучен столб во заштитата на природното наследство