Утрински Весник
Свет

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт

Tramp 1.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека треба нов договор за ограничување на нуклеарните арсенали откако истече Нов СТАРТ.

– Наместо да го прошируваат Нов СТАРТ, лошо испреговаран договор од страна на САД, кој, меѓу другото, грубо се крши – нашите нуклеарни експерти треба да работат на нов, подобрен и модернизиран договор, што ќе трае долго во иднина, објави Трамп на сопствената платформа „Трут соушл“ (Truth social)

Тој во објавата не прецизира кои држави треба да учествуваат во новиот договор, но портпаролката на Белата куќа, Керолајн Левит изјави дека ќе продолжат разговорите со Русија.

Трамп претходно наведуваше дека не е загрижен за истекот на Нов СТАРТ и инсистираше Кина да биде вклучена во идниот договор.

Нов СТАРТ е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето, арсеналите на двете земји беа ограничени на максимум 1.550 распоредени боеви глави и максимален број на носачи на ракети и тешки бомбардери на 800. Тоа беше речиси 30 проценти помалку нуклеарно оружје од претходната граница од 2002 година.

Левит посочи дека според нејзините сознанија, „нема преоден договор со Русија за продолжување на Нов СТАРТ“.

Можете да прочитате

Мулино: Панама нема да попушти пред Кина поради одлуката на судот за каналот

Во Оман почнаа американско-иранските преговори

Во Москва застрелан руски генерал