Утрински Весник
Македонија

Претреси во „Алфафарм“ поради истрага за заплена на пет тони марихуана во Србија

Mvr.jpg

Попладнево се вршат претреси во фирмата „Алфафарм“, лоцирана во кругот на поранешната хемиска индустрија ОХИС, во рамки на истрагата поврзана со заплената на околу пет тони марихуана во Србија, јавува Телма.

Под лупа на истражните органи се и повеќе објекти на други фирми кои имаат лиценца за одгледување канабис за медицински цели.

„Алфафарм“ е формирана во 2023 година, а лиценцата за одгледување марихуана ја добила во март 2024 година.

Во рамки на меѓународната полициска акција, еден од ко-сопствениците на фирмата бил уапсен во Србија, додека по друг ко-сопственик, се трага и тој се наоѓа во бегство.

Можете да прочитате

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка

Македон Димитровски примен во престижната програма за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев”, „смрт”, „бензин и кибрит” за Обвинителството биле политички говор