Утрински Весник
Скопје

Орце Ѓорѓиевски се сретна со поранешниот претседател Ѓорге Иванов

31936.jpg

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.

– Во фокусот на разговорите беше Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“, кој оваа година по четврти пат се одржува во организација на Клубот Скопје. Овој форум се етаблира како силна и релевантна платформа за промоција на културната дипломатија, обединувајќи истакнати личности од областа на културата, дипломатијата и јавниот живот од земјата и од странство. Преку вакви иницијативи се создаваат нови можности за меѓународно вмрежување, размена на идеи и продлабочување на соработката меѓу Град Скопје, други градови и значајни меѓународни партнери, стои во објавата на Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

На средбата, размениле мислења и искуства за актуелните состојби во државата и регионот, при што посебен акцент бил ставен на улогата на културната дипломатија како мост меѓу народите и како важен инструмент за јакнење на меѓународната соработка, дијалогот и заемното разбирање.

– Секогаш е задоволство да се слушнат размислувања и ставови од човек кој со својата работа и ангажман остави длабока и трајна трага во Македонија. Честа беше моја, се вели во објавата на  градоначалникот Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“, организира Скопското астрономско друштво

Бесплатен панорамски разглед на Скопје

Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули