Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за гостиварец поради говор на омраза на социјални мрежи

Policija Mvr2.png

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против 46-годишен жител на Гостивар поради сомнение за ширење омраза преку социјалните мрежи.

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар соопштуваат дека пријавата е поднесена против лицето В.Д., за кого постојат основи на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Според информациите од МВР, на 18 ноември 2025 година, осомничениот на објава објавена од медиум на социјална мрежа, преку својот личен профил, оставил коментари со навредлива и омразна содржина.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол