Утрински Весник
Спорт

Македонија домаќин на Европското првенство У16 – „Б“ дивизија

Basket.webp.webp

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека ФИБА Европа, денеска, донесе одлука Европското првенство во „Б” Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација.

Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања.

Европското првенство У16 – Б дивизија ќе се одржи во периодот од 5. до 16. август, а на шампионатот ќе настапи и машката репрезентација на Македонија во оваа возрасна категорија.

Убедени сме дека нашите млади кошаркари ќе ја претставуваат државата на достоен начин и ќе дадат максимум на ова значајно меѓународно натпреварување, кое воедно ќе биде и голем празник за македонската кошарка.

Кошаркарската федерација на Македонија навремено ќе ја информира јавноста за сите дополнителни детали поврзани со организацијата и одржувањето на првенството.

Можете да прочитате

Сезоната 2027 во Формула 1 ќе започне во Бахреин на 14 март

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград