Утрински Весник
Македонија

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

20241213083736 big 730x400 65.webp.webp

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд.

Како што информира денеска  министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности.

Дурмиши не кажа дали можеби ќе се пролонгира имплементацијата на Законот која треба да почне од 1 март, но напомена дека целта е грижа за јавното здравје.

На претстојниот состанок, потенцира, ќе се донесе одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите.

-Ги слушнавме забелешките на угостителите кои побарале одреден временски период до стапување во сила на Законот, односно да одиме прво со кампања па потоа со информација додека почне примената, за да бидат на некој начин подготвени. Ние ќе им повториме која е целта и на крај ќе донесеме одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите, изјави Дурмиши, одговорајќи на новинарски прашања по настанот во Владата на кој беше презентиран Законот за работно ангажирање лица. 

Можете да прочитате

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

ДКСК ја истражува сопствената членка, Цвета Ристовска

СДСМ: Кога обвинителството ќе реагира за 161 тендер за една, 52 тендери за друга фирма?