Утрински Весник
Македонија

Oбид за илегален излез од Македонија, приведени седум лица од Индија и Пакистан

Migranti 696x411 1.jpg

На (03.02.2026) во 02:00 часот во близина на Граничен премин Богородица, при обид за илегален излез од државата, полициски службеници лишија од слобода седум странски државјани , од кои пет лица од Пакистан, а двајца од Индија.

По извршени проверки во оперативната евиденција е констатирано дека тие претходно оствариле влез во државата на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.   

Можете да прочитате

(Видео) МВР го најде и уапси малолетникот што дивееше со мотор низ Штип

Се бара притвор за дилер од Тетово

СДСМ: Малцинствата се македонски граѓани, Мицкоски ве лаже!