
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Во декември лани, пак, споредено со декември 2024 година, нивниот број е намален за 2,8 проценти.
Бројот на работниците во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2,5 проценти, Капитални производи за 4,3 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,3 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8 проценти, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4 проценти.

