
Ноќеска околу 02:00 часот на улицата „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р. (18) од Битола, откако кај неа била пронајдена прашкаста материја. По издадена наредба од Основниот суд Битола, бил извршен претрес и во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Претходно, во 01:05 часот на улицата „Илинденска“ во Битола, полициските службеници го привеле и О.Н. (40) од Битола. При претрес во неговиот дом, исто така извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги, како и други предмети со траги од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата осомничени ќе бидат поднесени соодветни пријави.


