Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дрога од 5 тони, слики со криминалци и луксузни часовници

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

5 тони дрога завршила во соседна Србија преку Македонија, косопственик од македонска фрима е меѓу уапсените а власта молчи за овој картелски скандал. 

Нема одговор кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога?

Нема одговори ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот познат како Симе, уапсен во друг случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари.

СДСМ со денови алармира за поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија.

Со секој нов ден власта на ВМРО тоне сѐ подлабоко во скандали, криминал и корупција.

Криминални тендери, дрога од 5 тони, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници вредни 65.000 евра. 

А нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра за работниците кои едвај врзвуваат крај со крај.

Можете да прочитате

Левица: ДКСК во служба на ДПМНЕ – Чучуљ бранејќи ја Ристовка ги потврдува фактите на Левица

Два случаи на семејно насилство во Струга и Кичево

Пет тони дрога поминале низ Македонија – кој ќе одговара за картелскиот скандал?